Комбе, кое превезувало патници вечерва по 22.30 часот, се судрило со возило Фиат Пунто на раскрсницата на улиците „Димо Наредникот“ и „Александар Македонски“ во Прилеп, при што повредени се 10 патници.
Во директниот судир меѓу двете прилепски возила, за среќа, нема жртви. Полицијата е на лице место, каде се врши увид.
Повеќе информации се најавуваат за утре.
Видео: Инфокомпас