Виена на прво, Скопје на 161 -то место за најдобри градови за живеење – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/19 5:28 PM

Виена на прво, Скопје на 161 -то место за најдобри градови за живеење

На врвот на листата градови во кои најдобро се живее веќе десет години со ред е Виена, покажаа резултатите на глобалната консултантска компанија Mercer.

Во конкуренција со 231 град ширум светот, Скопје е на 161-во место.

На второ место е Цирих, а на трето Ванкувер. Следат Минхен, Окленд, Диселдорф, Франкфурт, Копенхаген, Женева и Базел.


Од регионот, Сарево е на 156-то, Љубљана на 74-то, Загреб на 98-мо, а Белград на 148-мо место.

Најдобро рангирани градови за живеење во САД се Сан Франциско (34) и Њујорк (44).

 

Групацијата Mercer веќе 20 години ја составува оваа листа, споредувајќи ги факторите како инфраструктура, политичка стабилност, здравствена заштита, образование, култура, стапка на криминал и слично.

Целосната листа, како и листите по категории, може да ги видите тука https://www.businesswire.com/news/home/20190313005484/en/Vienna-Tops-Mercer%E2%80%99s-21st-Quality-Living-Ranking

Преземено: kajgana.com