Ново покачување на цигарите – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/19 5:07 PM

Ново покачување на цигарите

Граѓаните велат дека не се доволно информирани за поскапувањето, туку тоа го дознаваат во моментот кога треба да ги платат цигарите. За одредени брендови на цигари сега плаќаат дури 35 денари повеќе од нивната првична цена, односно пред да се започне со поскапувањата.

Според предвидениот план цигарите од јануари 2017 година па во наредните 6 години се планира да поскапуваат по 4 до 5 денари за кутија годишно. Тоа значи дека на крајот од циклусот во 2023 година една кутија може да чини и близу 200 а некои и до 300 денари.

Инаку последното поголемо покачување на цигарите беше лани во април кога некои цигари поскапеа дури и за 10 денари.

Акцизата на цигарите постепено треба да се зголемува во наредните години.