Марадона: Ние Аргетнинците сме горди на Меси, но Роналдо е животно! – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/19 4:11 PM

Марадона: Ние Аргетнинците сме горди на Меси, но Роналдо е животно!

Кристијано Роналдо синоќа во мечот меѓу Јувентус и Атлетико Мадрид потврди дека станува збор за еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Португалецот постигна хет-трик и така од Лигата на шампионите го елиминираше омилениот „пациент“ Атлетико и синоќа дојде до 25 гола против овој тим.

Роналдо ги импресионираше сите. Се јави и легендарниот Диего Армандо Марадона кој направи мала паралела меѓу Лионел Меси и Роналдо.

„Двајцата играат како да имаат магично стапче. Ние Аргентинците се гордееме со Меси, но Роналдо е животно. Тој е моќ и фудбалски магионичар. Пред мечот рече дека ќе даде три гола и тоа и го направи“, изјави Марадона.