Кристијано Роналдо синоќа во мечот меѓу Јувентус и Атлетико Мадрид потврди дека станува збор за еден од најдобрите играчи на сите времиња.
Португалецот постигна хет-трик и така од Лигата на шампионите го елиминираше омилениот „пациент“ Атлетико и синоќа дојде до 25 гола против овој тим.
Роналдо ги импресионираше сите. Се јави и легендарниот Диего Армандо Марадона кој направи мала паралела меѓу Лионел Меси и Роналдо.
„Двајцата играат како да имаат магично стапче. Ние Аргентинците се гордееме со Меси, но Роналдо е животно. Тој е моќ и фудбалски магионичар. Пред мечот рече дека ќе даде три гола и тоа и го направи“, изјави Марадона.


