Австриската војска во беспарица и најголема криза – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/19 1:38 PM

Австриската војска во беспарица и најголема криза

Војската на Австрија нескоро нема да биде во состојба да ги извршува своите задачи поради драматичната состојба со недостаток од пари, предупредува началникот на Генералштабот, Роберт Бринер, откако претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен, во интерна анализа укажа дека австриската војска повеќе не е во состојба да ги извршува своите со Устав утврдени задачи.

– Кризата трае долго, а вооружувањето е многу застарено. Ако буџетот на војската не се зголми, тогаш вооружените сили во иднина може да се користат само да даваат „услужни асистенции“ при временски и други непогоди – наведува началникот на ГШ.

Генералштабот бара зголемување на буџетот за австриската војска од 2,2 на 3,3 милијарди евра до 2022 година, а потоа најмалку еден отсто од БДП, односно повеќе од четири милијарди, за да се покрие најнеопходното. За сеопфатна одбрана,пак, ќе требале два отсто од БДП, укажува воениот врв.