Кој сака војници на САД, за тоа ќе треба и да плати? – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/19 1:33 PM

Кој сака војници на САД, за тоа ќе треба и да плати?

Претседателот на САД, Доналд Трамп, сака НАТО-партнерите да ги зголемат своите воени буџети, а новиот план на неговата влада би требало да помогне – сојузниците сами да ги поднесуваат трошоците за војниците на САД во своите земји. Војниците на САД во странство не работат само на спроведување на интересите на својата земја туку и на заштита на сојузниците, пред се’ на партнерите во НАТО. Сојузниците со децении можеа да сметаат на таа поддршка, но, по доаѓањето на Трамп на претседателската позиција, таа е доведена во пршање.

Трамп постави услов сојузниците да издвојуваат повеќе пари за својата одбрана. Новиот план на Белата куќа е потврда колку тој сериозно мисли. Агенцијата „Блумберг“ преенсува  дека се разговара за принципот „Трошоци плус 50“, односно земјите во кои стационираат војници на САД треба да ги преземат комплетните трошоци, плус на таа сума да се додат 50 отсто, како некој вид привилегија што тие војници се кај нив.

„Блумберг“ понатаму пишува дека тој концепт моментално е само опција за која интерно се разговара во раководството на САД и оти уште нема донесено никаква одлука, а предлогот предизвика и жестоки реакции во Пентагон.