Се сруши зграда во Лагос: Стотина лица се под урнатините – ММС
ММС

Објавено на: 03/13/19 1:37 PM

Се сруши зграда во Лагос: Стотина лица се под урнатините

Трикатна зграда во која имало и училиште се урна денеска во нигерискиот град Лагос, а се претпоставува дека уривањето било кобно за најмалку десетици деца.

Според портпаролот на националната служба за вонредни ситуации, Ибрахим Фаринлој засега нема точна бројка за загинатите во инцидентот.

На најгорниот кат функционирало основно училиште, а објектот бил користен и за домување и во него имало неколку апартмани. Локалните медиуми информираат дека под урнатините на зградата се заробени голем број лица, меѓу кои и околу 100 деца.