Огромни пари се во прашање, Јуве во големи проблеми ако не се пласира во четвртфиналето – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/19 5:00 PM

Огромни пари се во прашање, Јуве во големи проблеми ако не се пласира во четвртфиналето

Јувентус го очекува тешка задача вечерва во осминафиналниот реванш против Атлетико Мадрид во Торино, откако на првиот натпревар клубот од Торино загуби со 2:0 на гостувањето во главниот град на Шпанија.

Кристијано Роналдо објасни колку тешка задача ќе има неговиот тим вечерва.

„Атлетико е тим кој два пати играше финале во Лигата на шампионите во последните четири години. Тие се тим кои се кандидат за освојување на Лигата на шампионите. Знаеме и ние дека ќе биде тешко, но ако играме добро, можеме да минеме понатаму“, изјави денеска Кристијано Роналдо.

Јувентус вечерва од 21 часот го дочекува Атлетико Мадрид по 2:0 во првиот дуел, а само фантастична игра против Атлетико може да ги одведе во следната фаза од ова натпреварување.

Освен престижот, Јувентус може да загуби и голема сума на пари ако не се пласира во четвртфиналето. Речиси 50 милиони евра помалку ќе добие Јуве ако не го мине осминафиналето, ако се земат предвид бонусите од УЕФА, спонзорите, ТВ правата и влезниците.

Сепак, во случај да загубат вечерва, ќе добијат „само“ 78,5 милиони евра.