Повеќето луѓе дишат исто како што танцуваат-мислејќи дека тоа е правилно. Но, оние кои ве набљудуваат од страна знаат дека тоа често не е така.
Дури и повеќе од чувството за ритам, дишењето е природна автоматска акција за која не размислуваме. Всушност, почесто размислуваме за тоа како се движиме на подиумот за играње отколку на дишењето. Меѓутоа ако дишете правилно и одвоите време за тоа да го направите правилно, ќе изгледате и ќе се чувствувате помладо.
Пред да кажете: „Јас знам да дишам, го правам тоа цел живот!“ пробајте го овој тест… Гледајте пред себе и вдишете и издишете нормално два пати. Потоа, истото тоа направете го гледајќи надоле.
Се движи ли нешто? Повеќето луѓе дишат многу плитко и кратко, а притоа ништо не се движи. Во белите дробови собира многу повеќе воздух отколку што луѓето внесуваат. Затоа клучно е да ја вклучите и дијафрагмата која ќе ви овозможи белите дробови целосно да се рашират.
Во три чекори научете како длабоко да дишете…
- Легнете на грб на подот. Ставете ја едната рака на папокот, а другата на градите
- Полека и длабоко вдишете, барем пет секунди полнете ги белите дробови. Бројте во себе 1…2…3…4…5. Стомакот, доколку дишете правилно треба да се подигне, а папокот да се одалечи од `рбетот. Градниот кош ќе се прошири странично.
- Кога ќе почувствувате дека вашите бели дробови се исполнети, полека издишувајте, броејќи до седум, се додека целиот воздух не излезе од белите дробови.
Повторувајте ја оваа вежба два пати дневно: 10 длабоки вдишувања и издишувања наутро и навечер. Ќе ја поправите функцијата на белите дробови и крвните садови, ќе го наполните телото со кислород, ќе ги исфрлите токсините и ќе го намалите стресот. Со тек на време длабокото дишење ќе ви стане навика.


