Полицаец кој не бил на должност од тетовското село Вејце пукал во двајца негови соселани – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/19 3:58 PM

Полицаец кој не бил на должност од тетовското село Вејце пукал во двајца негови соселани

Инцидентот се случил во тетовското село Вејце во објект за видео игри. Полицаецот пукал со пиштол и повредил едно лице во стомакот на возраст од 22 години, а другото четири години постаро лице се здобило со прострелна рана во вратот. Едното од нив се наоѓа во критична состoјба, и е на Карил во Скопје, каде се следи неговата состојба.

Од полицијата информираа дека нивни екипи веднаш се пратени на местото на инцидентот

Веднаш се преземени мерки и активности од страна на полициски службеници кои извршиле увид во објект за видео игри во село Вејце, при што била пронајдена чаура со калибар 9 мм и траги од крв. Во 23 часот и 40 минути, во Полициската станица, Тетово дошол 25-годишник од истото село, полициски службеник кој не бил на работа, кој изјавил дека со неговиот пиштол ги повредил двете лица, велaт од СВР Тетово

Полицискиот службеник задржан е во полициска станица. За случајот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и полициски стандарди.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.