МВР соопшти дека вчера (11.03.2019година), во 11.30 часот во близина на регионалниот пат Охрид– Свети Наум, кај место викано .„Колиби 2“, полициски службеници пронашле четири торби во кои имало 49 килограми марихуана. Во нивна близина бил затекнат A.Џ.(21) од Поградец, Република Албанија. А.Џ. е лишен од слобода и по целосно документирање на настанот, Регионалниот центар за гранични работи Запад против него поднесе кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, стои во соопштението од МВР.
Објавено на: 03/12/19 3:50 PM


