Поплава од пукната цевка од парно во СЈО: Уништена е документацијата за предметите „Империја“, „Триста“ и „Шпион“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/19 10:21 AM

Поплава од пукната цевка од парно во СЈО: Уништена е документацијата за предметите „Империја“, „Триста“ и „Шпион“

Во поплава од пукната цевка од парно во подрумските простории на СЈО минатата недела, уништена е документација за три предмети: Империја, Триста и Шпион.

Информацијата за емисијата 360 степени на Алсат ја потврдиле од СЈО.

-Поради дотраеност на севкупната инсталација за парно греење, во објектот каде што е сместено СЈО протече една од цевките на тој систем. При што беше зафатена дел од документацијата на неколку предмети кои се водат во ова Јавно обвинителство, меѓу кои „Империја“ , „Триста“ и „Шпион“. Притоа, треба да се има предвид дека во ова Јавно обвинителство, документите се скенираат, но доколку се утврди дека има документи кои не биле ставени во електронска форма, ќе се бара нивно обновување. Во моментов се испитуваат причините за конкретниот предмет и се спроведува внатрешна процедура со цел да се изготви попис и процека  а вкупната штета, се вели во одговорот од СЈО.

Со предлог законот за ЈО, што го усвои Владата минатата недела, СЈО станува дел од ЈО и со проширени надлежности за други дела, но бомбите ќе се користат како доказ само за истрагите кои се покренати до 30 јуни 2017 година, што е на линија со правното мислење од Врховниот суд од претходно.

На забелешките во јавноста дека на овој начин голем број од истрагите како „Попис“, „Пациент“ и „Империја“ на овој начин ќе пропаднат, од власта убедуваат дека истрагите ќе продолжат ако за нив има докази, кои не се поврзани со бомбите. СЈО сега треба да соопшти колкав дел од доказите за „Империја“ се уништени.

Извор: novatv.mk