Американската амбасада во Венецуела го повлече сиот преостанат персонал од главниот град Каракас, поради, како што е наведено, влошувањето на состојбата во таа земја. Одлуката ја објави американскиот државен секретар Мајк Помпео, пренесува АП.
Венецуела западна во длабока политичка и економска криза, пет дена нема електрична енергија, поради што не се оди на училиште, на работа, редуцирано е производството на нафта…
САД настојуваат да го заменат социјалистичкиот лидер – претседателот Николас Мадуро, со лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гваидо, кој бара нови претседателски избори. Него го поддржуваат педесетина земји, а на страната на Мадуро се Кина, Русија, Куба…