Акција за бесплатно мерење очен притисок во рамки на Светската недела на глауком – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/19 8:09 AM

Акција за бесплатно мерење очен притисок во рамки на Светската недела на глауком

Здружението на офталмолозите на Македонија и ЈЗУ Универзитетска клиника за очни болести денеска во Скопје организираат акција за подигнување на свеста за глаукомот во рамки на која ќе бидат извршени бесплатни мерења на очниот притисок на заинтересираните граѓани.

Акцијата ќе се одржи во рамки на одбележувањето на Светската недела на глауком.

Бесплатните мерења на очниот притисок ќе ги вршат мобилни екипи од специјалисти офталмолози и медицински сестри од клиниката

МИА