Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос конечно се реши да се огласи по тешките денови кои ги минува клубот. Тој капитенски ја презеде одговорноста и се обвини самиот себе.
„Потетот за жолтиот картон против Ајакс беше апсолутна грешка и јас ја преземам целата вина. Ние сме катастрофа.Ние играчите сме најодговорни, а јас како капитен најмногу од сите. Затоа и се решив најискрено да одговорам на сите прашања кои кружат“,изјави Рамос и додаде:
„Кога не дозволивме успесите да не сопрат, нема да дозволиме тоа да го сторат ни неуспесите. Сезоната е разочарувачка, но наша обврска е да продолжиме да работиме и да напредуваме. И не смееме да забоавиме дека сме среќни што играме во Реал Мадрид и што сме дел од неговата историја. А, Реал Мадрид бил и ќе биде Реал Мадрид. Ниту едно име не е легенда на Реал, сите заедно пишувавме историја. Така мора да работиме за иднината и да ја вратиме надежта“.