Локализирани пожарите над Тработивиште и Пехчевско – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/19 12:11 PM

Локализирани пожарите над Тработивиште и Пехчевско

По речиси 24 часа, заврши акцијата за гаснење на пожароткој вчера избувна кај селата Тработивиште и Истевник. Според информациите на Центарот за управување со кризи, пожарот е локализиран утринава во 9:30 часот.

-Гаснењето на пожарот кој избувнал во атарот на селата Истевник и Тработивиште, Територијалната противпожарна единица го започна вчера околу 11:35 часот со тоа што акцијата поради ветрот се одвиваше под отежнати услови. Утринава во 9:30 добивме дојава дека пожарот е локализиран, велат од ЦУК.

Освен во Делчево, пожар беснееше и во пехчевскиот регион.Таму од огнена стихија беа зафатени месностите Равноборје и Мускови чешми. Во гаснењето учествувале екипи на Територијалните против пожарни единици од Берово и Виница, Македонски Шуми, “Равна Река” и ЈКП “Комуналец” – Пехчево, а најголема помош пристигнала од месното население на кое од општината изразија јавна благодарност за нивната пожртвуваност

Во  Пехчевско,  пожарот настанал пред викендица, во која престојувала жена од Пехчево. Жената запалила сува трева и смет, а поради временските услови пожарот се проширил и ја зафатил викендицата, а зафатил и поголема површина со борова шума.

Во инцидентот, К.М. се здобила со повреда на левата рака и и била укажана лекарска помош.

Пожар синоќа избувнал и во Пехчево,била зафатена и изгорела куќа.По пријавата се чекало на пристигнување на екипи на ТППЕ од Берово кои во тој период беле ангажирани во гасењето на пожар на дури шест места.