Некогашниот босански и југословенски стопански гигант „Агрокомерц“ од Велика Кладуша се спаси од одење во стечај, потврдил со својата одлука Основниот суд во Бихаќ, откако овој предмет му бил вратен на повторно разгледување од второстепениот суд, пишуваат босански медиуми.
Основниот суд во Бихаќ во јануари донел одлука за поведување стечајна постапка во „Агрокомерц“ на барање на седум доверители што имале побарувања од компанијата. Менаџментот на „Агрокомерц“ се жалел до Кантоналниот суд, кој потоа ја поништил пресудата и ја вратил на повторно разгледување во судот во Бихаќ.


