„Буба“ потпишана од Путин продадена за 20.000 евра – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/19 10:39 AM

„Буба“ потпишана од Путин продадена за 20.000 евра

„Буба”, потпишана од рускиот претседател, Путин за време на венчавката на австриската министерка Карин Кнајсел, е продадена за 20.000 евра, а парите се уплатени за добротворни цели.

Кнајсел во интервју за Комерсант, рече дека „Бубата” била продадена на крајот од минатата година на аукција.

„Не ни припаѓаше на нас, ние ја добивме само за свадбата, а тој ден им кажавме на гостите дека сакаме да ја продадеме за добротворни цели“, рече Карин Кнајсел.

Путин на 18 август присуствуваше на венчавката на Кнајсел во Австрија и се потпиша на „Бубата“ на брачниот пар.