По Етиопија, и Кина ги приземји авионите „боинг 737 макс“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/19 10:31 AM

По Етиопија, и Кина ги приземји авионите „боинг 737 макс“

По уривањето на еден од моделите на „боинг 737 макс 8“ вчера во Етиопија, а пред тоа на уште еден авион од истиот модел во близина на индонезискиот брег, несреќи во кои загинаа околу 350 луѓе, и Кина, по Етиопија, привремено ги приземји авионите од тој модел. Кина има речиси сто такви авиони, што е четвртина од глобалната флота, пренесуваат новинаките агенции. Одлуката ќе биде на сила девет часа.

Се огласи и компанијата „Боинг“, која соопштила дека во моментот нема основа за издавање нови насоки за операторите врз основа на досега достапните информации од истрагата за уривањето на „боингот 737 макс“.

Етиопскиот авион се урна вчера по само шест минути од полетувањето од Адис Абеба кон Најроби и во него загинаа сите 157 патници и членови на екипажот. На прес-конфеенција е соопштено дека штом полетал, пилотот почнал да пријавива оти има технички проблеми и барал враќање на аеродромот.