Тереза Меј губи доверба од министрите поради Брегзит – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/19 9:32 AM

Тереза Меј губи доверба од министрите поради Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј ја загубила поддршката од речиси сите министри од Кабинетот порради Брегзит – објави Дејли меил.

Според весникот, само двајца министри се’ уште и’ даваат поддршка на Меј. Останатите „загубиле доверба во нејзината способност да раководи“, нагласува извор за весникот.

Министрите сакаат Меј да поднесе оставка не подоцна од јули за да може следниот лидер на Конзервативната партија да ја спроведе следна етапа од преговорите за напуштање на Европската унија ако Парламентот одобри брегзит без договор со Брисел.