Бугарската ИВЗ има приход од 15 милиони евра годишно, а бара простување на долговите – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/19 9:16 AM

Бугарската ИВЗ има приход од 15 милиони евра годишно, а бара простување на долговите

Главното муфтиство има 4.700 имоти, генерирајќи годишен приход од повеќе од 15 милиони евра само од наемнини и ренти.Ова го изјави пред bTV Николај Панков, кој е шеф на кабинетот на претседателот на Врховниот муслимански совет Недим Генчев. Коментарот на Панков дојде во врска со силниот јавен спор околу простување на долговите на муфтиството кои изнесуваат над 4 милиони евра.

Според Панков, повеќето од имотите се користат од активистите на ДПС. Парите се земаат со рака.

“Ако НРА си ја врши работата и прати прикриени агенти наместо да ги праќа на бродови и во библиотеки, ќе се дознае како стојат работите”, јасен е Панков.

Според него, со нацрт законот, кој го помина  првото читање во пленарна сала со поддршка на пратениците на ГЕРБ и ДПС, под плаштот дека се простуваат долговите на сите верски организации, всушност целта е да се избришат долговите што муфтиството и’ ги должи на државата. На овој начин се фаворизира само една религија и една институција, објасни Панков.

Тој, исто така, рече дека главниот муфтија бил агент за државна безбедност познат под псевдонимот Андреј, поврзан со групата “Муслиманско братство”.Според Панков, самата филозофија на религиозниот закон е погрешна. Не е можно религиозниот мир да зависи од законот.

Инаку, денеска премиерот Бојко Борисов во Министерскиот совет се среќава со бугарскиот патријарх Неофит и со главниот муфтија Мустафа Хаџи.
И двајцата духовни водичи веќе пристигнаа во зграда на МСП, но одбија да дадат коментар пред средбата.