Ги нема опозициските пратеници на интерпелацијата на Спасовски – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/19 11:42 PM

Ги нема опозициските пратеници на интерпелацијата на Спасовски

Само 20 пратеници гласаа „за“ Оливер Спасовски да си замине од министерската функција во Министерството за внатрешни работи, и покрај тоа што барањето за интерпелација е поднесено од опозициската ВМРО ДПМНЕ. На вечерашното гласање за интерпелацијата на Спасовски, 59 пратеници од владејачкото мнозинство гласаа „против“, а 10 беа воздржани.
-Не можеме да си дозволиме функцијата министер за внатрешни работи да ја раководи неодговорен и несериозен човек како што е Оливер Спасовски. Ова министерство наместо да биде чувар на сигурноста и безбедноста благодарение на Оливер Спасовски денес е олицетворение на сојузник на криминалот и инструмент за казнување на политички неистомисленици, рече Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ.
На ова одговори министерот Оливер Спасовски, кој како што рече, наместо обвинувања, нуди факти.
борувате за зголемен број убиства. Еве ги статистичките податоци. 2014 година, кога ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се во најголем подем на власта и министер е Гордана Јанкуловска се случиле 25 убиства. 2018 година имаме 17 убиства. Фактите и податоците се тие. 2014 година ефикасноста во реализацијата е 42 проценти, додека 2018 година реализацијата е 75 проценти, рече министерот Спасовски.
На расправата за интерпелацијата се чекаше повеќе време, бидејќи Оливер Спасовски беше еден од посериозните кандидати за претседател на СДСМ.