Патнички авион на „Етиопија ерлајнс“ се сурнал во текот на летот од Адис Абеба, главниот град на Етиопија, кон Најроби, Кенија, јавува ББС.
Во авионот биле 149 патници и осум членови на екипажот. Премиерот Абу Ахмед на својот твитер-профил им изјавил сочувство на семејствата кои ги загубиле своите сакани.
Причиите за несреќата и другите детали ќе се знаат по завршувањето на истрагата.


