На големата американска компанија за нафта „Conoco Phillipso“ Венецуела мора да и’ исплати 8,7 милијарди долари како надоместок за нејзината национализација во 2007 година, одлучил арбитражниот суд на Светска банка. На овој износ се додаваат и каматите од 5,5 отсто на година се’ додека не се исплати целиот износ, се додава во документот што во петокот бил објавен во Меѓународното седиште за решавање на инвестициски спорови.
Од Венецуела, која во моментот преживува невидена економска и политичка криза, засега нема коментари. Таа во јуни 2007 година ги национализирала своите нафтени извори, одземајќи ја контролата на мешовитите компании задолжени за нивна експлоатација што дотогаш ја имаа мултинационални компании, меѓу кои и фрнацускиот „Тотал“ и британскиот „Бритиш петролеум“.
Хуго Чавез, тогашниот социјалистички претседател, ветил дека ќе ги обештети и ќе го откупи делот на нивните акции, поаѓајки од нивните книговодствени, а не пазарни вредности. Американската нафтена компанија ја оспорила таквата одлука и поднела тужба.
Венецуела има најголеми докажани резерви на нафта во светот од 302 милијарди барели.


