Азил во Грција бараат 70.000 мигранти – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/19 9:59 AM

Азил во Грција бараат 70.000 мигранти

 

Со затоплувањето на времето, од Турција повторно тргнуваат чамците и бротчињата пренатрупани со бегалци, за кои грчката држава повеќе нема средства да ги згрижи, јавува дописникот на белградска „Политика“ од Атина.

Веста дека пред неколку дена дека покрај островот Самос се удавија четворица мигранти – еден маж и три деца, остави впечаток дека со потолото време почнаа старите проблеми и новите трагедии во близина на грчкиот брег. Според податоците на полицијата, чамците полни со мигранти повторно тргнуваат од турскиот брег кон грчките територијални води, кон островите на кои сместувачките капацитети одамна се преполни и каде мигрантите живеат во крајно нехумани услови.

Грчкиот миистер за миграција, Димитрис Вицас, информирајќи ги западните партнери во НАТО, истакна Грција и понатаму е оставена сама да се бори со проблемот со мигрантите и, како прва земја во која влегуваат, повторно се соочува со огромен број барања за азил. Вицас наведува дека на крајот на минатата година бројот на барањата за азил достигнал до 69.000. Но, покрај овој официјален број, во Грција уште најмалку неколку илјади нелегални мигранти покажувале желба тука и да останат.