Автомобил марка „Мерцедес” целосно изгоре  утрово кај Агино село – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/19 1:24 PM

Автомобил марка „Мерцедес” целосно изгоре  утрово кај Агино село

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, во 11:50 часот е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје има запалено возило. По извршениот увид од полицијата, контатирано е дека возилото се запалило во движење.

Возачот роден 1950–та година од село Лопате со своето патничко моторно возило „Мерцедес 220″  со швајцарски национални ознаки се движел по автопатот во насока од Куманово кон Скопје. Возејќи по автопатот, кога пристигнал  во близина на Агино село забележал густ чад во предниот дел на автомобилот под хаубата. Веднаш застанал со возилото на десната коловозна лента и со сопатничката излегле надвор.

За многу кратко време, мерцедесот целосно изгорел. Истрагата допрва ќе покаже која била причината за пожарот.

Никола Ивановски