Прашања што ве мачат: Зошто часот трае 60 минути, а минутата 60 секунди ? – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/19 11:30 AM

Прашања што ве мачат: Зошто часот трае 60 минути, а минутата 60 секунди ?

Кој прв го подели денот на 24 часа, а часот на 60 минути? Многу историчари сметаат дека Египќаните се првата цивилизација што го поделила денот на помали делови.

Првите сончеви часовници биле поставени само за следење на времето, но околу 1500 година п.н.е. Египќаните имале развиено напредни сончеви часовници.

Прачка во облик на „Т“ буквата се поставувала на земјата, а периодот од изгрејсонце и зајдисонце бил поделен на 12 делови, како одраз на египетскиот шиитски систем. Сончевите часовници -” најновата генерација “, полека почнала да го следи она што сега го нарекуваме часови. Времетраењето на денот бил приближно ист, летните денови биле подолги отколку зимските.

Во свет без вештачко светло, денот и ноќта биле претставени толку различно што дури луѓето сметале дека се работи за различен ден.
Меѓутоа во времето кога првите сончеви часовници почнале да се употребуваат, египетските астрономи почнале со набљудување на 36 ѕвезди  што го делеле небесниот простор на еднакви делови.

Ноќта можела да се следи со појавување на 18 од овие ѕвезди, а 3 од нив се појавувале со зајдисонцето. Црната темница била обележана со 12 ѕвезди што е причина за поделбата на ноќта на 12 делови.

Со новото кралство овој систем бил поедноставен на таков начин што за временска ориентација биле користени само 24 ѕвезди од кои 12 ја обележувале ноќта. Тогаш се користел водениот часовник- клепсидра, што претставува и еден од најпрецизните начини за мерење на времето во минатото. Кога денот и ноќта биле поделени на 12 делови, се создава концепт дека денот се состои од 24 часа.

Сепак, ваквото сметање на времето и часовите не било популарно се до хеленистичкиот период кога грчките астрономи почнале да користат таков систем за теориски пресметки.

Познатите астрономи ги примнувале техниките кои биле развиени од Вавилонците. Нивната орииентација била според системот кој бил заснован врз бројот 60, а го наследиле од Сумерите.

Scientific American пренесува дека се уште не е познато зошто токму бројот 60 е одбран, но овој број е најмал делив број со 2, 3, 4, 5, 6, 10, 12, 15, 20 и 30.

Грчкиот астроном Ератостен го применувал овој систем за да го подели кругот на 60 делови додека работел ран систем за дефинирање на географската ширина. Подоцна Хипарх ги поставил паралелните географски линии кои одговараат на геометријата на Земјата денес. На тој начин го развил системот за географската должина. Неговото знаење го проширил Птоломеј кој живеел во преминот од првиот до вториот век. Тој ја поделил 360 степени географска ширина и должина, на помали сегменти. Секој степен бил поделен на 60 делови, а останатите на уште 60 помали.

Првиот дел- partes minutae primae или првата минута е позната едноставно како минута. Внатрешниот сегмент или partes minutae secundae е познат како секунда. Меѓутоа сметањето на 1 час во 60 минути не било веднаш прифатено и поставено на часовниците. Часовниците покажувале половини, третини, четвртини, а понекогаш дури и биле поделени на дванесет делови , но никогаш на 60 делови.