Заплови најголемиот крузер во светот – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/19 11:30 AM

Заплови најголемиот крузер во светот

Нaјголемиот крузер во светот „Harmony of the Seas“ деновиве тргна на своето прво патување од француското бродоградилиште во Сант Назаир. Бродот, долг 362 и висок 72 матра, заплови кон Саунтхемптон во Велика Британија, од каде што ќе тргне на своето прво крстосување низ Медитеранот.

Бродот може да прими 5.500 патници, се градел речиси три години, а чини 1,15 милијарда долари. Сопственик му е американската компанија Royal Caribbean International.