Викенд диета – дводневен план за исхрана – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/19 4:30 PM

Викенд диета – дводневен план за исхрана

Со помош на овој дводневен план за исхрана, вашиот организам ќе се ослободи од вишокот на вода и отрови, а вашите ќелии повторно ќе работат и ќе ги согоруваат вашите масти. Придржувајте се од препорачаното мени и резултатите ќе бидат повеќе од очигледни.

Прв ден

Кога ќе станете испијте една чаша млака вода со што би го поттикнале согорувањето на мастите.

  • 07.30 – неограничена количина овошје;
  • 09.30 – една шоља чај од билки;
  • 11.00 – 200 ml. сок од јаболки;
  • 12.30 – 250 gr. зеленчук и прелиено малиново масло, 50 gr. варена пченица;
  • 14.00 – шоља чај од билки;
  • 15.00 – 200 ml. сок од морков и овошје.
  • 16.00 – шоља чај од билки и една интегрална кифла,
  • 17.00 – 200 ml. сок од домати,
  • 18.00 – пола свежа крставица, 3 домати, 50 gr. варен спањак со билни зачини и бибер,
  • 19.00 – 200 ml. зелен чај,
  • 20.00 – свежа црвена пиперка,
  • 21.00 – 200 ml. млака вода.

Втор ден
Веднаш кога ќе станете истегнете се пред отворен прозор и не заборавајте да испиете чаша млака вода.

  • 07.30 – овошна салата од 2 јаболки и 2 портокали со прелив од сок од лимон;
  • 09.30 – шоља чај од билки;
  • 11.00 – 200 ml. сок од јаболки;
  • 12.30 –  на маслиново масло испржете 5 печурки, 2 домати и црвена пиперка. Зачинете ги со свежи билки, прелијте го со сок од домати и сервирајте го со 40 gr. сварени макарони;
  • 14.00 – шоља чај од билки;
  • 15.00 – 200 ml. сок од јаболко, овошје по избор;
  • 16.00 – шоља чај од билки, 2 интегрални кифли;
  • 17.00 – 200 ml. сок од домати;
  • 18.00 – во малку вода 20 минути динстајте 200 gr. морков и 100 gr. компир. Додајте 50 ml. бистра супа и се испасирајте. Зачинете со нане;
  • 19.00 – 200 ml. чај од нане;
  • 20.00 – 15 gr. свежи крставици.