Здружение „Стар Лададин“: Останува на своите определби за заштита на урбанистичкиот интегритет, животната средина и одржливиот развој на село Лагадин и на севкупното Охридско крајбрежје – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/19 10:30 AM

Здружение „Стар Лададин“: Останува на своите определби за заштита на урбанистичкиот интегритет, животната средина и одржливиот развој на село Лагадин и на севкупното Охридско крајбрежје

По одржаната средба од средбата на 7 -ми март на Здружението “Стар Лагадин” со премеирот, Зоран Заеви и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, во врска со урбанистичките проблеми на Охридското крајбрежје, село Лагадин, беше напомната заедничката заложба во борба против неправилностите во изградбата на објекти долж Охридското крајбрежје во зачувување на природната уникатност и биодиверзитетот на Охридското езеро и културното наследство на овој регион, заштитено од УНЕСКО.

„Ги цениме напорите на Премиерот и Министерот да изнајдат решение за ставање на Општиот акт за село Лагадин вон употреба, односно да не се постапува по Општиот акт за сите започнати, одобрени и потенцијални барања чија основа бил/е Општиот акт сé до донесување на Детален Урбанистички план за село Лагадин“, велат од Здружението „Стар Лагадин“.

Тие велат дека го ценат и напорот во изнаоѓање на решение објектот “хотелски комплекс Лагадин” да биде отстранет, срушен, поради прекршување на повеќе законски регулативи споменати во Извештајот на Државниот градежен инспекторат по координативната ревизија на објектот од 27.01.2017 година.

“Здружението “Стар Лагадин” останува на своите определби за заштита на урбанистичкиот интегритет, животната средина и одржливиот развој на село Лагадин и на севкупното Охридско крајбрежје. Отворени сме да го поддржиме новиот Детален Урбанистички План за село Лагадин кој би ги задоволувал сите урбанистички, градежни и еколошки регулативи“, велат од здружението.

Своите понатамошни активности здружението ќе ги конципираво зависност одмерките кои ќе ги превземат надлежните институции, пред се надлежното Министерство и Општината Охрид, во однос на ставање на Општиот акт за село Лагадин вон употреба и рушење на неправно изградениот хотелски комплекс Лагадин во село Лагадин.