Додека од сите страни стигнуваат предупредувања дека жените се маргинализирани, нерамноправни и потценети во свјата работа, во Супетар на Брач има сосема подруга слика, пишува сплитска „Слободна Далмација“. Во престолнината на островот Брач речиси сите раководни позиции ги држат жени, а Супетар бележел резултати на кои може да да им се подзавиди. Постојано се работело, градело, градската каса е се’ пополна, а се’ повеќе пари стигнуваат и од ЕУ-фондовите.
– Градот Супетар во изминатата година ги доби сите проекти на кои се пријави. Добивме и повеќе од 25 милиони куни европаски пари. А вредноста на проектите е поголема од буџетот за минатата година – вели градоначалничката Ивана Марковиќ, која втор мандат е на таа позиција.
И претседателката на Градскиот совет е дама, а жени се и директорката на комуналното претпријатие, директорката на детската градинка, на основното училиште, началничката на полицијата, директорката на Библиотеката, на земјоделската задруга, на Центарот за култура, на Катастарот, на Даночната управа, на банките… Во судот има четири судии – сите жени.
И демографската слика, за разлика од многу други места, нуди оптимизам. Со години во Супетар има повеќе родени отколку умрени – пишува „Слободна Далмација“.


