Турската полиција синоќа употребила солзавец за да ја растера масата од повеќе илјади луѓе на протест во центарот на Истанбул по повод Меѓународнот ден на жената.
Протестот бил на плоштадот Таксим, а стотици припадници на полицијата на демонстрантите им го блокирале патот за маршот да не продолжи по главната авенија. Полицијата употребила солзавец и спреј против масата луѓе, по што дошло до кошкање и туркање со учесниците во протестот, повеќето жени, кои потоа се разишле по споредните улици.
Турската полиција редовно ги спречува масовните собири во центарот на Истанбул, пишуваат повеќе балкански медиуми.