Традиционален марш по повод 8. Март на Форумот на жени на СДСМ – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/19 8:38 AM

Традиционален марш по повод 8. Март на Форумот на жени на СДСМ

Традиционален марш по повод меѓународниот ден на жената 8 Март ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Форумот на жени на СДСМ.

Маршот ќе почне напладне пред зградата на ЕУ -Инфо центар во Скопје, а ќе заврши во градскиот парк во Скопје (Школка).

Најавени се обраќања на претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, кандидатот за претседател на државата од СДСМ Стево Пендаровски, како и на Цветанка Ласкова, координаторка на Форумот на жени на СДСМ и Мија Јаворник од Партијата на европски социјалисти (ПЕС жени).