Стоматолошки комори од Европа на состанок во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/19 8:06 AM

Стоматолошки комори од Европа на состанок во Скопје

Стоматолошката комора на Македонија е домаќин на Вториот политички состанок на европските стоматолози што ќе се одржи денеска во Скопје.

На состанокот ќе се разговара за одлуките на Советот на европските стоматолози, нивната примена при поставувањето на начела во законската регулатива кај земјите аспиранти за членство во ЕУ, идните чекори околу раздвојување на здравствените професии во рамки на ЕУ, нивната репрезентативност во исполнување на вредностите на Унијата поради сопствените специфичности и јавниот интерес, како и нивно зајакнување во однос на државните институции и зацврстување на меѓународната соработка со сродни институции, комори и асоцијации на светско, европско и регионално ниво.

Најавено е учество на претседатели и соработници на повеќе стоматолошки комори, Федерацијата на германските стоматолошки комори, Австриската стоматолошка комора, Лекарската комора на Словенија, одделот за стоматологија, Хрватската комора по дентална медицина, Стоматолошката комора на БиХ, Бугарскиот заболекарски сојуз