Слушнете ја евровизиската песна на Тамара, Proud! – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/19 9:15 PM

Слушнете ја евровизиската песна на Тамара, Proud!

Песната насловена „Proud“ со која Тамара Тодевска ќе не’ претставува на Евровизија беше промовирана вечерва. Видео спотот за ова музичко парче со кое Тамара ќе настапи на втората полуфинална вечер на 16-ти мај во Тел Авив, премиерно беше прикажан на Македонската радио телевизија.

Текстот авторски го потпишуваат Коста Петров и Сања Поповска, композитори се Дарко Димитров, Роберт Билбилов и Лазар Цветковски. Спотот е дело на Чедо Поповски. Во него се појавува и тригодишната ќерка на пејачката, Хана.