ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев e заинтересирана само за криминални тендери, а не за развој на економијата – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/19 6:20 PM

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев e заинтересирана само за криминални тендери, а не за развој на економијата

Владата на Заев e заинтересирана само за криминални тендери, а не за развој на економијата – реагираше денеска опозицијата на прес конференцијата на министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Тие не се способни да го реализираат ниту тоа што самите го зацртале. Реализацијата на капиталните инвестиции лани не мрдна од 50%, а годинава ја почнавме со 1,09% што говори дека не се градат патишта, училишта, болници, детски градинки и други проекти кои се од интерес на граѓаните – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Особено загрижува падот од 12,6% на ИТ индустријата која се должи на погрешните економски политики и даночните оптоварувања кои ги прави оваа Влада. Ако се има предвид дека во овој сектор работат претежно млади луѓе тоа е само уште една потврда на поразителните бројки дека речиси 90% од младите би заминале од државата заради бесперспективноста која оваа власт ја создава – се вели во партиското соопштение.