Што е тоа тага? Тоа најдобро го знае несреќниот фудбалер на Ливерпул – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/19 5:20 PM

Што е тоа тага? Тоа најдобро го знае несреќниот фудбалер на Ливерпул

Само што се врат на терените после неколку месечната пауза,  Алекс-Окслејд Чемберлен повторно се повреди.

Алекс-Окслејд Чемберлен ја скрши ногата пред година дена во мечот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Рома и на фудбалските терени го немаше 318 дена.

Сега се врати и заигра за У23 екипата на Ливерпул против Дерби во рамки на Премиер лига 2, но несреќниот фудбалер повторно се повреди.

Ливерпул внимателно ја водеше рехабилитацијата од сериозната траума на коленото, а планот беше да одигра 45 минута за У23 тимот. Сепак Англичанецот за жал повторно е повреди откако почувствувал болка во тетивата и сега е прашање колку ќе паузира.

Со оглед на се, тешко дека до крајот на сезоната ќе заигра во тимот на Ливерпул.