Само што се врат на терените после неколку месечната пауза, Алекс-Окслејд Чемберлен повторно се повреди.
Алекс-Окслејд Чемберлен ја скрши ногата пред година дена во мечот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Рома и на фудбалските терени го немаше 318 дена.
Сега се врати и заигра за У23 екипата на Ливерпул против Дерби во рамки на Премиер лига 2, но несреќниот фудбалер повторно се повреди.
Ливерпул внимателно ја водеше рехабилитацијата од сериозната траума на коленото, а планот беше да одигра 45 минута за У23 тимот. Сепак Англичанецот за жал повторно е повреди откако почувствувал болка во тетивата и сега е прашање колку ќе паузира.
Со оглед на се, тешко дека до крајот на сезоната ќе заигра во тимот на Ливерпул.


