Црна Гора забрани работа на трговските објекти во недели и на празници – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/19 1:00 PM

Црна Гора забрани работа на трговските објекти во недели и на празници

Владата на Црна Гора вчера ги усвоила измените и дополнувањата на Законот за внатрешна трговија со кои им се забранува работа на трговските објекти на големо и мало во неделите и на празници.

„Позитивна вест за околу 37.000 вработени во секторот за трговија“, напишаа на „Твитер“ од Владата на Црна Гора.

Исклучок ќе бидат објектите за непречено функционирање на општеството, наведуваат црногорските медиуми.