Жителите на австралиско гратче скршени од тага по крокодилот со „нежна душа“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/19 12:54 PM

Жителите на австралиско гратче скршени од тага по крокодилот со „нежна душа“

Жителите на Кардвил на северот на Австралија тагуваат по саканиот крокодил кој деновиве е проајден мртов. Телото на Бизмарк, 80-годишниот морски крокодил омилен кај граѓаните и туристите, го пронашле рибари. Се претпоставува дека во 4,5-метарскиот добродушен џин бил застрелан во главата, пишува СНН.

– Бизмарк беше душата на нашата заедница. Ќе се сеќаваме на тој нежен џин кој никогаш и никому не направил проблем. Тој ни’ беше и една од најголемите туристички атракции. Сега постои опасност на неговата територија да дојде некој агресивен крокодил – велат граѓаните, кои планираат и официјално простување од омилениот крокодил.