По неуспешниот самит со Трамп, Ким оди кај Путин – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/19 12:31 PM

По неуспешниот самит со Трамп, Ким оди кај Путин

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун наскоро доаѓа во Русија за да се сретне со Владимир Путин, објавува прес-службата на рускиот претседател.

Веста е објавена неколку дена по неуспешниот втор самит за денуклеразизација на Северна Кореја помеѓу Ким и американскиот претседател Трамп во Виетнам. Колапсот на самитот беше исмеан на руската државна телевизија, а Путин сега сега гледа можност да го зголеми влијанието во Северна Кореја, пишува „Трампет“.