ММФ подготвен да и’ помогне на Венецуела – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/19 12:27 PM

ММФ подготвен да и’ помогне на Венецуела

„Меѓународнот монетарен фонд е подготвен да почне да ја спасува економијата на Венецуела, но таа задача би била многу тешка и ќе бара помош од пошироката меѓународна заедница“, рече директорката на ММФ, Кристин Легард, пренесува АП.

– Штом ќе добиеме барање од легитимните власти во таа држава да отидеме да помогнеме, тоа и ќе го направиме – истакнала Легард.

ММФ се’ уште се нема изјаснето дали го поддржува самопрогласениот претседател Хуан Гваидо или Николас Мадуро, кој го доби вториот претседателски мандат на ланските избори, кои многу држави ги прогласија за нелегитимни.