Изгаснати сите пожари во Кичевско – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/19 12:03 PM

Изгаснати сите пожари во Кичевско

По напорните обиди во претходните четири деноноќија, кичевските пожарникари успеаја да ги изгаснат сите пожари што избувнаа на неколку локации во Кичевско.
-Утрово не е активен ниту еден пожар на територијата на нашата општина, изјави Емин Насуфи од Општина Кичево кој ги пофали кичевските пожарникари, припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување и Кризниот штаб.
Тој упати апел до граѓаните да се воздржат од палење  оган на отворено бидеќи последиците се огромни.

Според првичните неофицијални сознанија,  факторот човек е причина за пожарите, во кои  изгореа големи површини со шуми. Во тек е проценка на настанатата штета.

извор-миа