Масовна тепачка во грчки затвор помеѓу грчки и албански осуденици, еден загинат – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/19 11:12 AM

Масовна тепачка во грчки затвор помеѓу грчки и албански осуденици, еден загинат

Еден осуденик денеска загина, а седуммина се повредени во масовна тепачка во грчиот затвор „Коридалос“, јавуваат грчки медиуми.

Во масовата тепачка од едната страна биле грчки и грузиски затвореници, а од другата Албанци. Се случила во психијатриското одделение на затворот, а осудениците користеле и рачно направени бодежи.

Тешко повредените осуденици се пренесени во болници надвор од затворот.