Локализиран пожарот во пехчевско,нема опасност за викенд населбата Равна Река – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/19 7:50 PM

Локализиран пожарот во пехчевско,нема опасност за викенд населбата Равна Река

Денес во попладневните часови целосно е локализиран пожарот кој избувна кај месноста Спиково, Пехчево. Според информациите на командирот Зоран Ајтовски, во гаснењето на пожарот учествувала екипа од ТППЕ Берово потпомогната од жителите како и вработени во шумско стопанство ,,Равна Река“ Пехчево.

Во гаснењето на пожарот проблем на пожарникарите им претставувал ветрот кој на моменти ја влошувал ситуацијата  како и непристапниот терен, но целосна контрола над ситуацијата била воспоставена денес во попладневните часови. Во пожарот причинета е мала материјална, о опожарени биле два помошни објекти. Случајот е пријавен во Полиција каде допрва ќе се утврдуваат причините за појавата на пожарот.