Кочани :Во еден ден во три фирми три повреди на работно место – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/19 6:29 PM

Кочани :Во еден ден во три фирми три повреди на работно место

Сите инциденти  се случиле во текот на вчерашниот ден.Првата повреда била пријавена во 11.40 минути .Од Медицинскиот  центар Кочани информирале дека кај нив бил донесен педесетгодишниот П.М од Валандово кој се здобил со повреда при изведување на градежни работи на пречистителната станица во село Мојанци.

Во 13.05 часот вчера во  Полициската станица Кочани,било пријавено дека кај нив бил донесен дваесетгодишниот  Л.М.  кој при работа во фирма во Кочани се здобил со телесни повреди.

Со тешки телесни повреди на работното место во кочанска фирма во текот на вчерашниот ден се здобил  и деветнаесетгодишниот А.А

А.А со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.Екипи од ПС Кочани извршила увид во сите фирми каде што работниците се повредиле.