Работник тешко бил повреден откако паднал и удрил во метален профил  – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/19 3:48 PM

Работник тешко бил повреден откако паднал и удрил во метален профил 

Работник на 49-годишна возраст од Кавадарци, вчера бил тешко повреден, откако паднал и удрил во метален профил, информира попладнево Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

По укажаната помош во Општа болница-Кавадарци, работникот Ј.Г. бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.