На 02.02.2019 на паркиралиште пред зграда на улицата Панче Караѓозов, е удрено од „непознат сторител“ тогаш патничко возило. Тој што удрил веднаш избегал.
Повикана е полиција на увид. По речиси еден месец сопственикот на ударениот и оштетениот автомобил е повикан од полицијата да го подигне записникот. Прво му е кажано дека сторителот е откриен и му е врачен записникот. Кога во записникот стои заклучок дека и тој е виновен што возилото го оставил на паркинг(според штипските сообраќајни „правилници“ соучесник со сообрќајна несреќа е и паркирано возило), но според Штипската полицијата тоа не било паркиралиште иако ималао паркирано најмалку седум возила на сопственикот му е кажано дека треба да плати 45 евра, или 25 негативни поени да му бидат впишани, па потоа да му тече осигурувањето. Зошто тогаш на сите паркирани возила истата вечер не им е пишана казна за истотака „ПОПРЕЧУВАЊЕ“?
Изненадувачки, па дури и скандалозен е заклучокот на штипската полиција дека слободните простори пред зградите не се паркиралишта???
Откога тоа штипската „сообраќајна“ полиција стана совет на општината па уредува земјиште и ја одредува неговата функција?
Да е прв пат, може треба да и се прогледа на полицијата низ прсти. Место да и прогледаме, ние поставуваме неколку логични прашања. ПРВО И ПОСЛЕДНО. Дали возилото што го направи прекршокот, е такси возило, сопственост на полициски службеник вработен во полициска станица Штип?
Внатрешната контрола, Министерот Спасовски, Началникот за сообраќај и останатите надлежни во МВР да си ги превземат мерките и да постават соодветни (професионалци) ако ги има во оваа сообраќајна полиција, бидејќи и така ни е празен џебот.


