За пожарникарите спасители нема предвидена обука во рамки на институциите на системот – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/19 3:01 PM

За пожарникарите спасители нема предвидена обука во рамки на институциите на системот

За пожарникарите спасители нема предвидена обука во рамки на институциите на системот. Голем дел од нив за спасување на луѓе од несреќи се обучуваат преку странски организации или преку приватни курсеви.

На пример пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Тетово, обуката за пожарникари спасители ја добиле од Меѓународната организација Флориан, кои во единицата во Тетово вршат обуки за спасители, но и за ефикасно гасење на пожар.

Командирот на едницата Ука Алити, вели дека за пожарникарите спасители нема предвидена обука во рамки на институциите на системот.

Ако има некоја поголема несреќа за извлекување на луѓето или било какви интервенции се повикуваат пожарникарите, тие кои немаат поминато обука се снаоѓаат како знаат и умеат. За надминување на проблемот, тој смета дека обука за спасители треба да се предвиди во рамки на институциите на системот.

Пожарникарите спасители од Територијалната противпожарна единица успешно интервенираа кај скопско Ласкарци. Тие пристигнаа први на лице место од сите противпожарни екипи. Алити вели дека увидел многу пропусти на македонските служби при интервенција во оваа незгода

Тој се надева дека несреќата кај скопско Ласкарци ќе треба да биде добра поука, за во иднина македонските служби да имаат поголема координираност и подготвеност.

Зоран Димовски